Броиме калории: Дали ајварот ќе ве здебели?

ајвар
Ајвар / Фото: Profimedia

Бидејќи домашниот ајвар се прави само од зеленчук и малку масло, нема многу калории. Содржи протеини, јаглехидрати и масти кои се неопходни за секој здрав организам.

Во 100 грама домашен ајвар, има од 80-130 калории, во зависност од рецептот според кој се произведува. Ако уживате во вкусот на ајварот продолжете и понатаму бидејќи нема да ви ја зголеми телесната тежина, под услов да се консумира умерено.

Фото:Профимедиа

Ајварот е богат со витамин Ц, кој го има во пиперките, а тој витамин го зајакнува имунитетот и целокупното функционирање на организмот. Богат и со витамин А, кој го има во доматите. Модариот домат, кој е исто така дел од традиционалниот рецепт ја обезбедува потребната количина на витамин Б2 и фолна киселина. Ајварот содржи и корисна количина на растителни влакна. Одличен избор за сите оние кои не јадат свеж зеленчук или салати, како одлична замена.

Вредните нутритивни состојки кои пиперката ги има на телото делуваат како антидепресив, антисептик, диуретик и моќен афродизијак. Црвената, жолтата, зелената, бабурестата, кратката месести или „малите пргави“ пиперки се составен дел од секоја кујна поради вкусот и изобилството на витамини, поради што со право се нарекуваат и природен лек за многу болести.

Единствената грижа е што ајварот оди совршено со бел леб и многу сирење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот