Бродот со украинско жито утре ќе пристигне во Триполи

Фото: EPA-EFE/ UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Бродот „Разони” со украинско жито што плови под знамето на Сиера Леоне утре ќе пристигне во либанското пристаниште Триполи, јави весникот „Ал Акбар”, повикувајќи се на извор од украинската амбасада во Бејрут.

Бродот „Разони” ќе испорача 26.000 тони пченка за либански клиент, пренесува агенцијата Тасс.

Бродот „Разони” во понеделникот утрината исплови од украинското пристаниште Одеса.

Членовите на Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина, чие седиште се наоѓа во Истанбул, во средата извршија преглед на бродот.

На 22 јули Русија, Украина, Турција и ОН во Истанбул потпишаа пакет мерки насочени кон решавање на прашањето за испорака на храна и ѓубрива на светските пазари.

Врз основа на договорот се формира и координативен центар чии претставници се задолжени за проверка на бродовите со жито за да се спречи шверц на оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот