Бродот со 20 заразени на атинското пристаниште е ставен во карантин

Бродот, за кој вчера беше соопштено дека има 20 позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно 383 патници и членови на екипажот, е ставен во карантин на атинското пристаниште Пиреас, објави весникот „Катимерини”.

Според истите информации, станува збор за бродот „Елефтериос Венизелос” во сопственост на грчка бродска компанија, а бил најмен на почетокот на март да пренесе морски работници од Турција во Шпанија, но и да служи како хотел на вода за нивно сместување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради појава на коронавирусот на бродот, била донесена одлука бродот да остане во Атина, а како што пишува „Катимерини”, повикувајќи се на извори од грчката крајбрежна служба, првиот позитивен случај бил регистриран на 28 март.

За 20-те случаи на Ковид-19 кај патниците од бродот вчера информираше претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот