Брод се насука на еден фински остров, патниците не се загрозени

Патнички брод со повеќе од 400 лица се насука денеска на финските острови Аланд во Балтичкото Море, а патниците не се животно загрозени.

Финската крајбрежна стража информира дека бродот е насукан странично, но дека животот на луѓето не е во непосредна опасност, јави Би Би Си.

Бродот „Викинг Грејс” се насука во близина на пристаништето Мариехамн, во сопственост на компанијата Викинг Лајн и се движеше кон главниот град на Шведска – Стокхолм од Турку, Финска.

Засега не е позната причината за инцидентот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот