-2 C
Скопје

Брнз: Преземени се заштитни мерки за граѓаните, ќе треба да видиме каков ќе биде одзивот на гласачите

 Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз изјави дека не може да се каже каков ќе биде одѕивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија, но се надева дека преземените заштитни мерки од страна на властите, како и донираната американска помош за обезбедување заштитни средства ќе ги охрабрат граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право на денот на изборите.

– Ќе треба да видиме каков ќе биде одзивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, од одличната комуникација која е преземена од страна на Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина. Се надеваме дека тоа ќе биде ситуацијата на денот на изборите за кои гласањето веќе почна денеска и ќе треба да почекаме и да видиме. Но, да повторам, горди сме што можевме да помогнеме преку обезбедување на оваа опрема и се надеваме дека таа ќе помогне граѓаните да имаат доверба во овие дополнителни мерки, рече амбасадорката Брнз на новинарско прашање по доделувањето на донација за Државната изборна комисија која се состои од средства за дезинфекција и заштитни маски.

Прочитајте и...  Столтенберг: НАТО очекува зајакнување на американско-европските врски по инаугурацијата на Џо Бајден

Поврзани вести

По Орбан, Мицкоски на средба и со Јанша во Љубљана: Светот оди напред, ние молиме за вакцини

Слободен печат

ВИДЕО | Д-р Митов: Хипертензијата е најважно, а запоставено здравствено прашање – се јавува дури и кај тинејџери и тоа е алармантно

Слободен печат

Индија почнува со испорака на вакцини за соседните земји

Илинка Иљоска

Во функција на подобар раст и приноси на одредени насади во дел од Пелагонија: Нови агрометеоролошки станици со сензори во битолските села Кравари и Лисолај

Слободен печат

Во Грција потврдени вкупно 26 случаи на новиот вид на Ковид-19

Слободен печат

УХМР: Нивото на Пчиња кај Пелинце повисоко за сантиметар

Слободен печат

Остави Коментар