Брнз: Попис треба да има, изборите не се решение за сите проблеми

Треба да се направи попис. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст, рече вечерва американската амбасадорка, Кејт Брнз.

– Мило ми беше што Законот за попис на населението помина на Собрание и тоа се случи со поддршка на некои од членовите на опозицијата. Тоа има критична функција. Како што знаете, во вашата земја не е извршен попис цели 20 години. Недостигот на точни податоци на населението правењето јавни политики го чини многу тешко. Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки, истакна амбасадорката во „Само вистина” на Канал 5.

Според неа, изборите се гласот на граѓаните и нивниот суд, но не се единственото решение за сите проблеми.

– Мислам дека треба да се потсетиме дека политичката стабилност произлегува од добра влада, а изборите се клучниот дел. Тие го изразуваат гласот на гласачите и нивниот суд, но не се единствениот елемент и не се решение за сите проблеми. За тоа се потребни силни институции, политички актери што ги почитуваат институциите, политички бирократии со кои управуваат институциите, како и слободно и независно судство што спроведува правда. Сите овие елементи заедно придонесуваат за силна и стабилна демократија, а така напредува општеството, истакна Брнз.

На прашањето за постигнувањето консензус меѓу власта и опозицијата околу клучните прашања и колку е тоа реално можно, Брнз одговори дека тоа е важна цел, но не е секогаш возможно.

– Во една демократија сакаме да постигнеме колку што е можно поголем консензус, особено за најкритичните прашања. Тоа е важна цел, но не е секогаш возможно. Не може сите политики да ви бидат одобрени од секој политичар, а камоли од секој гласач. Политиките треба да не водат напред. Многу е важна улогата на конструктивна опозиција во една демократија. Од витално значење е тие да застапуваат различни политички ставови, но дури и кога има длабоки идеолошки спорови, мора да постои почит кон институциите, поединците, но и почит кон електоратот. Потребен ви е простор каде може да се изјаснат различни ставови, но да не се користат за опструкции. Да се создаде простор каде можете да имате добра, конструктивна, политичка дебата, претставувањето на политичките ставови е важно, но не смеете да дозволите институциите да не се почитуваат, а и гласовите на електоратот. Тоа е апсолутно критично, особено за најтешките прашања со кои земјава се соочува денес. Треба да се трудиме тоа да се надмине, порача амбасадорката.

Брнз: Имаме доверба во Владата дека ќе се договори со Бугарија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот