Брнз-Џафери: Честитки од САД за успешно спроведените парламентарни избори (ФОТО)

Таа подвлече дека се подеднакво значајни и борбата против корупцијата, прашањата поврзани со националната безбедност и потеклото на ивестициите, како и донесувањето на Законот за антидискриминација.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет, ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз со нејзини соработници.

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Република Северна Македонија, при што истакна дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и регионот во целина.

Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката Брнз за очекуваното ангажирање на новата Влада во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.

Тој, исто така зборуваше и за планираните активности на Собранието до крајот на оваа година.
Амбасадорката Брнз му честиташе на претседателот Џафери за успешно спроведените парламентарни избори, за формирањето на институциите и за неговиот реизбор на функцијата претседател на законодавниот дом.

Таа истакна дека, Република Северна Македонија има постигнато значаен напредок за кус период, особено на полето на евроатланската интеграција. Нејзината Екселенција рече дека од клучно значење е во Собранието да се формира што поширока поддршка за реализација на стратешките цели, особено од аспект на НАТО и членството во Европската Унија.

Таа подвлече дека се подеднакво значајни и борбата против корупцијата, прашањата поврзани со националната безбедност и потеклото на ивестициите, како и донесувањето на Законот за антидискриминација.

На крај на средбата, беше оценето дека двете земји како стратешки партнери, ќе продолжат со плодната соработка како и досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот