Брнз даде силна поддршка за посветеноста на Владата на реформите, стабилноста и интеграциите во ЕУ и НАТО

Оценето е дека нашата држава во претстојните парламентарни избори влегува со многу подобра институционална стабилност и дека е важно таквата позиција да се сочува.

Силна поддршка за посветеноста на премиерот Оливер Спасовски и на Владата на реформските процеси во земјава, на стабилноста и безбедноста, но и на интеграциите во ЕУ и НАТО изрази денеска американската амбасадорка Кејт Брнз на средбата со премиерот.

Како што се наведува во владиното соопштение, констатирано е дека периодот на преодната влада во наредните неколку месеци бара ангажман и одлучност од сите страни, за остварување на големите цели чијашто реализација е во тек –  Република Северна Македонија да биде потврдена како 30-та активна земја членка на НАТО и отпорна растечка демократија на патот кон Европската Унија.

Оценето е дека нашата држава во претстојните парламентарни избори влегува со многу подобра институционална стабилност и дека е важно таквата позиција да се сочува.

Прочитајте и...  Италијански авион ќе тргне по државјаните на ЕУ кои се во карантин на крузерот „Дајмонд Принцес"

-Врвен приоритет на Владата се неколку подеднакво важни сегменти на коишто сме цврсто фокусирани: да се продолжи со остварувањето на националните интереси како што се интеграциите во НАТО и во ЕУ и на сите започнати проекти за граѓаните во сите области, спроведување фер и демократски избори со споделена одговорност од сите политички субјекти, продолжување на изградбата едно општество за сите со почитување меѓу сите етнички заедници, продолжување на определбата на нашата држава да придонесува за стабилноста и соработката во регионот, рече премиерот Спасовски.

Во таа насока, изразени се очекувања дека сите во Владата, во институциите, сите политички субјекти, ќе бидат на ниво на задачите, со цел натамошна стабилност и сигурност и остварување на стратешките цели, за добрата иднина на државата и граѓаните.

Прочитајте и...  Јуратовиќ: Медиумите во Србија се под силна контрола и притисок

Прочитај повеќе

Турција ги укинува визите за туристите од овие шест европски држави

МИА Агенција

Грипот ја зеде и третата жртва, почина 50-годишен маж

Слободен печат

Просечната плата во декември 26.836 денари

Слободен печат

Секојдневно 9.000 граѓани користат 128 електронски услуги од институциите

Слободен печат

Коњуфца ја поништува одлуката на Пацоли – ќе врати 14 косовски конзули во земјата

МИА Агенција

Трансфер на вработени од јавен во приватен сектор по изборите

МИА

Остави Коментар

дваесет − 6 =

Прочитај повеќе

Чулев: Спасовски да свика владина седница за да се реши проблемот со пасошите

Слободен печат

Комисија за финансирање на партиите ќе го разгледува случајот „унгарски пари“ во Словенија

МИА Агенција

Коронавирусот ја зема првата жртва во Јужна Кореја

МИА Агенција

Избрано идејното решение за спортската сала Партизан

Слободен печат

Адеми: За период од две години платите на наставниците се зголемени за повеќе од 21 процент

Слободен печат

НЕСРЕЌА ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца загинати, повеќе повредени откако воз излета од шини кај Мелбурн

Слободен печат