Брнз: Членството во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за сработеното.

Евроатлантското интегрирање на Северна Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ, и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО, истакна Брнз за време на денешната нејзина посета на премиерот Оливер Спасовски.

Одлуката на ЕУ и завршните чинови за полноправно членство во НАТО, доаѓаат во многу тешки моменти за сите, но ја покажува посветеност на земјата да истрае во остварувањето на евроатлантските аспирации, и ја потврдува искрената и силна поддршка што на Република Северна Македонија ѝ ја даваат САД и ЕУ, истакна амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз за време на денешната нејзина посета кај премиерот Оливер Спасовски, соопштуваат од владината прес – служба.

Во соопштението се додава и дека Брнз на средбата посочила дека Евроатлантското интегрирање на Северна Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ, и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО.

Спасовски истакнал дека тоа се долгоочекувани остварувања на две стратешки прашања, кои, иако пристигнаа во тешко време, се признание за остварувањата на земјата, особено во последните три години.

На средбата со амбасадорката Брнз премиерот Спасовски ја изразил неговата, како и благодарноста на Владата и на граѓаните на земјата за големата поддршка на САД во двата процеса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот