Брнабиќ: Во Србија се вакцинирани 27,5 отсто од младите

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека само 27,5 отсто од младите на возраст од 17 до 30 години се вакцинирани против коронавирус, што се катастрофални резултати и посочи дека студентите мора да предводат со процесот на вакцинација, пренесува Н1.рс.

Обраќајќи им се на студентите на трибината „Имунизација на младите” на Факултетот за организациони науки во Белград, Брнабиќ изјави дека вакцинирани се само 3,13 отсто од помладата популација на возраст од 12 до 17 години, што, како што наведе, се поразителни бројки.

Студентите треба да предводат, да дадат пример и да го преземат водството во процесот на вакцинација, кажа Брнабиќ, додавајќи дека сега се се заснова на граѓанска солидарност и индивидуална одговорност.

Таа изјави дека повозрасните граѓани покажале поголема одговорност, бидејќи сочинуваат мнозинство од 57 отсто вакцинирани полнолетни граѓани и дека младите секогаш треба да бидат на „првата линија на фронтот”, да ги заштитат постарите, нивните родители, слабите, хронично болните..

Брнабиќ истакна дека во Србија има 54,4 отсто ревакцинирани, а 24,3 отсто се вакцинирани со трета бустер доза.

Таа посочи и дека пандемијата е катастрофално скапа, дека еден лек по пациент чини и до 2.500 евра, дека еден болнички ден чини многу, а истовремено мора да се заштити и економијата.

Сите опции се секогаш на маса, во овој момент ситуацијата е се подобра, но не значи дека ќе остане така доколку не го зголемиме опфатот со вакцинација, вели Брнабиќ, додавајќи дека бројките паѓаат и дека е пружена уште една, втора шанса да се стави крај на епидемијата.

По воведувањето на ковид пропусницата од 22.00 часот, а потоа и од 20.00 часот во угостителските објекти, евидентиран е „скок” на вакцинација кај младите, но повторно недоволно за колективен имунитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот