Брнабиќ: Вакцинирани 50,1 отсто од полнолетните граѓани во Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на својот Твитер профил објави дека 50,1 отсто (2.705.458) од полнолетните граѓани во Србија се вакцинирани.

„Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните. Секое вакцинирано лице – поголема сигурност за сите нас. #ВакцинирајСе., напиша Брнабиќ.

Бројките на новозаразени од Ковид-19 во Србија постепено се зголемува, некои експерти тврдат дека Србија веќе се соочува со четвртиот бран на коронавирусот и дека а делта сојот полека го потиснува британскиот

Вчера, во Србија беа регистрирани 487 нови случаи на коронавирус, двајца полинати, а најмногу нови случаи беа регистрирани во Белград – 148 заразени.

Директорката на главната ковид болница во Србија, во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави за РТС дека податоците се за голема загриженост, бидејќи од релаксирана ситуација во претходните шест недели, кога имаше по 40 пациенти, бројките сега се зголемуваат.

„Имаме се повеќе луѓе кои се вратија од летните одмори, тоа се цели семејства и кои, се разбира, не се вакцинирани. Меѓу нив, на одделенијата за интензивна нега имаме седум млади луѓе на возраст под 40 години, а вчера еден мораше да се интубира“ кажа директорката на болница во Батајница.

Србија веќе го јава четвртиот бран корона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот