Брнабиќ со песимистичка прогноза: Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Србија денеска ќе биде катастрофален

Ана Брнабиќ / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека денеска, во апсолутни бројки, бројот на новозаразени со Ковид-19 „ќе биде катастрофален”.

Во изјава за ТВ Прва, Брнабиќ истакна дека според податоците од осум часот утринава, ќе биде постигнат „нов негативен и неславен рекорд” на бројот на новозаразени.

– Бројките, од осум часот наутро, се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги, нагласи премиерката.

Таа потсети дека во сила се повеќе антиепидемиски мерки.

– Имаме мерки кои доколку се почитуваат би имале стабилна состојба, истакна Брнабиќ, додавајќи дека Србија ги обезбедила сите вакцини и лекови.

Таа рече и дека денеска ќе се одржи состанок на Министерството за образование со медицинскиот дел од Кризниот штаб и оти очекува нивен предлог за одржување на наставата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот