Брнабиќ избегна да каже зошто не запалила свеќа за настраданите во Нови Сад

Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ
Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На прашањето на новинарка на телевизијата „Н1“ зошто деновиве не отишла во Нови Сад да запали свеќи и да положи цвеќе за настраданите, претседателката на Српскиот парламент Ана Брнабиќ прво не сакаше да одговори, а потоа рече дека тоа е нејзина лична работа.

„И не се чувствувам како некој кој сака да одговори на тие прашања во овој момент, од сите луѓе“, рече таа.

На прашањето зошто хулиганите со палки кои во одреден момент се придружиле на вчерашниот протест не се уапсени и зошто им било дозволено да прават немири, Брнабиќ не одговори.

Претседателката на Парламентот на Србија изјави дека сакаат и бараат целосна одговорност за сите – и кривична, и морална и политичка, кога станува збор за трагедијата на железничката станица, и дека, како што истакна, нема да има заштитени.

„Ќе инсистираме на тоа и нема да сопреме додека тоа целосно не се исполни. Сакам уште еднаш јасно и недвосмислено да го осудам насилството на кое сведочевме вчера во Нови Сад. Такви слики и глетки не ѝ служат на чест на Србија ниту на нашето општество“, рече Брнабиќ.

Таа го осуди сквернавењето на знамето, уништувањето на приватниот и јавниот имот. „Да го осудам сето она што го видовме, од мокрењето на Градската куќа до цистерната со фекалии за некој да ја полева Градската куќа“, кажа таа и додаде дека ги осудува и оние кои „таквиот идиот не го спречиле“.

Наведе дека тоа не е само навреда, туку дека е загрозено јавното здравје на граѓаните на Нови Сад.

Им изрази длабока благодарност на илјадниците луѓе кои биле на тој собир бидејќи мислеле дека тоа ќе биде комеморативен настан, кои својата тага и болка сакале да ја споделат со своите пријатели.

„Сосема ми е јасно дека тие политички не се со партијата на која припаѓам, но да им се заблагодарам за тоа што не го поддржаа насилството, ви благодарам од срце“, додаде Брнабиќ.

„Институциите треба да ја работат, без притисок својата работа, да се знае кој згрешил и кој е виновен, и да одговараат за тоа. Нема да има заштитени, сите одговорни ќе одговараат. Србија ќе остане стабилна земја, насилството нема да се толерира, насилниците ќе бидат изведени пред правдата“, рече поранешната српска премиерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот