Брнабиќ: Ги повикувам НАТО и КФОР итно да реагираат на актуелната ситуација во Косово

Српската премиерка Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

По повод актуелната ситуација денеска на северот од Косово, се огласи и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

– Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти. Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последен момент во кој е потребна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Такво однесување ги надмина сите мерки и не доведе до работ на хаос, истакна Брнабиќ.

Потсетуваме, денеска околу 10 часот, косовската полиција употреби шок бомби и солзавец за време на рацијата во Косовска Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот