Брнабиќ: ЕУ не прави ништо околу прашањето за Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнавиќ/ Фото EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Европската унија во моментов „не прави ништо, или прави многу малку” по прашањето за Косово, пренесува Блиц.

„Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесувањето на ЕУ и пред се мислам дека тоа (договорот од Брисел) е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на бриселскиот договор“, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа посочи дека Бриселскиот договор е јасно прекршен на Косово, бидејќи северот на Косово не смее да има специјални единици на Росу, а ниту девет години по тој договор не е формирана Заедницата на српски општини.

Таа оцени дека ЕУ „не само што толерира Бриселскиот договор да не се спроведува девет години, туку молчи за неговото јасно кршење”.

„И тогаш (ЕУ) кажа на еден од состаноците во Њујорк каде што бев, „што би можеле да сториме за да дојде до деескалација? Па, можете да го почитувате својот збор, можете да го направите тоа. За почеток, по речиси девет години, да кажете ,,кога сте гарант на Бриселскиот договор, да ја гарантирате неговата имплементација, а она што во моментов го имаме ќе исчезне за пет минути, рече Брнабиќ.

Таа минатата недела учествуваше на Генералното собрание на ОН во Њујорк, посочи дека претставниците на ОН и рекле дека „Косово не е држава за нив”.

Брнабиќ оцени дека разговорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг „воопшто не бил пријатен” и дека косовскиот премиер Албин Курти „сонува” да ги протера Србите од Косово.

„Како може да биде пријатен? И тие молчеа (како и ЕУ) седум дена, иако имате луѓе вооружени до заби кои повторно влегоа во северно Косово. Тие стојат на страна и гледаат,“ изјави Брнабиќ за ТВ Пинк, наведувајќи дека Вучиќ и го пренел разговорот со Столтенберг.

Таа рече дека Курти „сонува за нов прогон и „Бура” и дека настаните на Јариње „беа демонстративна вежба или желба тоа да се случи и да го исчисти Косово од Срби и неалбанци”.

Како што посочи, „тоа најцрно сценарио нема да се случи” и ќе го спаси српскиот народ на Косово, како и дека постоењето силна српска армија и други српски безбедносни служби го чуваат мирот.

Според неа, ситуацијата треба да се врати на состојбата пред доаѓањето на специјалните косовски сили на Јариње и потоа „да се седне и да се разговара”.

Видео на денот