Брнабиќ: Долго и детално е планирано убиство на Вучиќ

Ана Брнабиќ / Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денес дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека наводите за прислушкување на Вучиќ и аферата „Јовањица” се обиди за државен удар, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Тоа (убиството) беше планирано долго и детално. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) се формираа паралелни структури и се водеа кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа медиумите во регионот со цел да се дехуманизира Вучиќ и од него и неговото семејство да се направи криминален клан, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа кажа дека атентатот на Вучиќ бил планиран на откривањето на Споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но не наведе детали и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

-Да го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: „Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство”. Во МВР имаше многу тоа. Монструозно е колку добро беше поврзана таа мрежа, истакна Брнабиќ.

Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот