Брнабиќ за продажбата на српската Комерцијална банка: Цената која ја добивме е над горниот ранг

Доколку Комерцијалната банка беше на продажба во 2014 година немаше за 100 отсто удел да добиеме ниту 100 милиони евра, додека сегашна власт успеја да ја подигне на нозе и да ја продаде за 387 милиони евра за 83 отсто удел, што е над проценетата вредност на целата банка, изјави денес српската премиерка Ана Брнабиќ за продажбата на Комерцијаната банка во Србија, пренесува „Танјуг“.

Брнабиќ додаде дека сегашната власт многу направила Комерцијална банка да работи добро, и вели дека владата избрала финансиски советник за продажба на банката и дека проценетата вредност за 100 отсто од капиталот на банката се движела од 406 до 451 милиони евра, а за 83,23 отсто од уделот од 338 до 375 милиони евра.

– Значи, понудената цена која ја постигнавме е над горниот ранг на проценетата вредност на банката. Избраната понуда е над пазарната капитализација на банката на 30 јуни 2019 година, констатираше Брнабиќ.

Претходно, српската влада потпиша договор за купопродажба на 83,23 обични акции на Комерцијална банка а.д. од Белград со Нова Љубљанска банка д.д (НЛБ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот