Брнабиќ за Косово: Тоа е квазидржава во која не се знае кој пие, а кој плаќа

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи ја ситуацијата на Косово, во однос на забраната за влез на граѓани со српски пасош во оваа земја, истакна дека тоа е најдобриот приказ дека се работи за „квазидржава“.

– Ми изгледа дека сѐ што прават во таканаречената квазидржава Косово е најдбриот показател дека тоа е квазидржава и дека таму не се знае кој пие, а кој плаќа – изјави Брнабиќ.

Премиерката на Србија истакна и дека оваа ситуација всушност ја покажува и нестабилноста која владее во Косово.

– Советникот на нивниот министер за надворешни работи кажа дека е забрането граѓаните со српски документи да поминат, (премиерот во оставка Рамуш) Харадинај кажа дека не е забрането, па советникот повторно дека е забрането – посочи Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот