Брнабиќ во понеделник во посета на Скопје - Слободен печат

Брнабиќ во понеделник во посета на Скопје

Српската премиерка Ана Брнабиќ в понеделник, 26 август, ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти денеска од Канцеларијата за медиуми на Владата на Србија.

Брнабиќ во Скопје ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, а пред посетата на главниот град, тие ќе остварат средба на граничниот премин Табановце – Прешево со што ќе го означат почетокот на работата на овој интегриран премин меѓу двете држави.

За време на престојот во Скопје, предвиден е состанок на делегациите на двете влади и потпишување на повеќе договори за соработка, како и изјави за медиумите на премиерите Заев и Брнабиќ.

Договорот меѓу владите на двете земји за заедничка контрола за меѓународен патни сообраќај на граничниот премин Табановце -Прешево, беше потпишан во Белград минатиот месец, од страна на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, кој и двајцата министри го означија како нов импулс во односите и на пријателството меѓу двете држави.

„Уан Стоп Контрол” е новост, има историско значење и голема важност за Република Северна Македонија, бидејќи прв пат се потпишува ваков договор со државите од соседството, изјави министерот Спасовски по потпишувањето на договорот.

– Важноста на овој договор е големо, бидејќи ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија на оваа граница. Ова ќе им помогне и на граѓаните и на стопанството, што е важно, за да имаме подобар животен стандард и во двете држави, нагласи Спасовски.

Српскиот министер Стефановиќ пак оцени дека со договорот за „Уан стоп контрол” на поинаков начин ќе се регулира граничниот премин Прешево – Табановце.

– Овој премин ќе овозможи преку поинаквата регулација да имаме побрз проток на луѓе, патници и стоки, сето она што овозможува граѓаните на нашите две земји, но и оние кои транзитираат, полесно, поефикасно, побргу и поекономично да дојдат до своите одредишта, што ќе им помогне и на економиите на нашите земји, побрзо да се развиваат, изјави Стефановиќ.

Прочитај повеќе

Традицијата на Абориџините е спасот за Австралија

Слободен печат

Каде е Путин? (ВИДЕО)

Слободен печат

Мадуро: Трамп има одвратни советници за Венецуела

Слободен печат

Шведската амбасада во Сараево го посочи Скопје како пример за превенирање на аерозагадувањето

Слободен печат

Членови на нарко картел преку тунел избегаа од затвор

Слободен печат

Гутереш повика да се реагира неодложно и одлучно за Либија

Слободен печат

Остави Коментар

sixteen + 7 =

Прочитај повеќе

Ердоган: Договорот помеѓу Турција и Либија ја полуде Грција

Слободен печат

Во Србија никогаш немало помалку жители од денес

Слободен печат

Светските лидери постигнаа договор за финалниот документ со кој ќе се реши кризата во Либија

Слободен печат

Светските лидери утре на економскиот форум во Давос

Слободен печат

Дел од Драчево и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Слободен печат

Милановиќ сака да ја повлече армијата од Авганистан: Постојат добри аргументи против ова

Слободен печат