Брнабиќ: Српските цркви во Косово, Курти ги претставува како нивно културно и верско наследство

ФОТО: KoSSev

Не треба да се исклучи дека Приштина ќе се обиде да направи нешто слично како Црногорската православна црква, вели српската премиерка Ана Брнабиќ. 

Брнабиќ додаде и дека косовскиот премиер Албин Курти во писмото за српското културно и верско наследство и манастирите зборува како нивно културно и верско наследство, односно косовско наследство.

„Тоа е она на што сме ние спремни, знаеме како по дипломатски пат да се бориме против тоа“, изјави премиерката.

Брнабиќ оцени дека писмото кое на претставниците на УНЕСКО им го испрати Албин Курти е кулминација на лицемерието и цинизмот.

„Манастирите се под постојано око на КФОР, особено Високи Дечани. Не може да се каже дека не им е загрозена безбедноста, а постојаните притисоци врз монасите и Српската православна црква продолжуваат“, рече Брнабиќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денес оценил дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака да ги штити српските цркви на таа територија, туку да ги претстави како „албанско наследство“.

„Опасно е што Албин Курти не зборува за потеклото, односно кој е сопственик на српското културно наследство во Косово, не ја споменува Српската православна црква или државата Србија, но ги гледа во контекст на албанската историја“, изјавил Петковиќ за РТС. Српските манастири, вели тој, мора да бидат под заштита на УНЕСКО.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот