Брнабиќ: Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно за тестови за ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека земјата троши повеќе од 700.000 евра на ден само за тестови за ковид-19, која според неа е цената за 20.000 тестови.

Брнабиќ вели дека со отворањето на лаборатории за тестирање низ целата Србија се создаде можноста и да се направат повеќе испитувања, па сега се вршат над 25.000 тестови на ден.

„На резултатот од тестот кај нас се чека најмногу 12 часа. На 100.000 жители имаме најмногу тестирања во опкружувањето“, изјави премиерката.

Таа истакна дека оние што велат дека во овој момент се штити економијата, а не здравјето на луѓето, треба да знаат дека економијата е всушност здравје на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот