Брнабиќ: Србија не може да биде стабилна без стабилен регион

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Според зборовите на српската премиерка, Ана Брнабиќ, Србија не може да биде стабилна во регион кој не е стабилен.

На крајот на нејзината посета на Лондон, Брнабиќ рекла дека имала кус разговор со албанскиот премиер Еди Рама за некои неодамнешни изјави.

– Го замолив да седнеме и да видиме до кај сме, да повлечеме линија и да кажеме дека сè понестабилен регион не нè води никаде. Тоа на сите ќе ни се удри во глава, ајде да видиме како можеме да продолжиме да ја јакнеме регионалната стабилност и поврзаност – рекла Брнабиќ.

Таа додала дека ситуацијата во регионот денес е полоша отколку од пред неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот