Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Фото: EPA-EFE/Djordje Savic

Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ вечерва се осврна на епидемиолошката состојба во земјата при што сподели застрашувачка вест со јавноста.

– Ситуацијата ја следима на секои два часа. Само вечерва до 20 часот имавме 400 новозаболени со ковид-19. Горан Стевановиќ рече дека немаат поголема гужва, но и дека има многу луѓе со потешки симптоми, изјави Брнабиќ во емисијата „Прашалник“ на РТС.

Запрашана дали некој друг, наместо Златибор Лончар, би можел да биде нов министер за здравство, Брнабиќ повтори дека не сака да разговара за имиња.

– Министерот Лончар навистина даде сè најдобро од себе, не паничеше, не се повлече пред притисокот, во секој момент беше на терен, разговараше со луѓето од првата линија на фронтот и им даваше поддршка, додаде Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот