Брнабиќ: Синиша Мали останува министер, студентите се политички активисти

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека не очекува министерот за финансии Синиша Мали да поднесе оставка од функцијата, како што бараат студентите кои го блокираа Ректоратот на Универзитетот во Белград (БУ), како и дека таа не го доведува во прашање неговото министерско место.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската премерка кажа дека тоа што се случува на Ректоратот е „срам за Белградскиот универзитет, односно тажна политичка престава, на која и нема крај на повидок”.

Брнабиќ истакна дека не знае кои се конкретните барања на групата од 15 до 20 студенти, за кои рече дека се политички активисти и ги повика да ги достават своите барања, за што е подготвена веднаш да се изјасни. Таа додаде дека не може и не сака да се меша во автономијата на универзитетот и ги повика студентите кои го блокираат ректоратот да им дозволат на студентите да ги добијат потребните услуги и професорите да продолжат со своите активности.

Според неа, Ректорката на БУ, Иванка Поповиќ, дава контрадикторни изјави за настаните во Ректоратот и за барањата на студентите.

Како што објасни Брнабиќ, ректорката смета дека во Ректоратот влегла група на политички активисти на владејачката СНС, но ништо не кажа кога во зградата влегувале претставници на други политички групи да ги поддржат студентите, како што се Движењето „1 од 5 милиони” и од Сојузот за Србија.

Ректорката на универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, рече дека денешните разговори со студентите што ја држат зградата на Ректоратот под блокада, биле „конструктивни” и рече дека тие се „чекор поблизу до договор”.

Студентката Валентина Рековиќ од „Еден од пет милиони” рече дека разговорите со ректорката биле одговорни и конструктивни, додавајќи дека темата на преговорите е „да се продолжи со расчистувањето на вистината за докторатот на министерот за финансии Синиша Мали”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот