Брнабиќ: Почнаа подготовките за изградба на погон за производство на вакцините на „Синофарм“

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Производството на вакцините на „Синофарм“ во Србија е важно за нашиот здравствен систем и исклучително е важно и економски и политички и геостратешки, истакна вечерва српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа додаде дека процесот на имунизација во Србија оди одлично, но би било добро ако оди и побрзо.

– Верувам дека луѓето по селата, во малите средини, немаат навика да одат на порта,лот на е-управа. Си работат луѓето на нивните имоти и затоа ние ќе одиме кај нив, најави Брнабиќ и рече дека со таквите акции е почнато во приградските населби на Белград.

Претседателката на Владата на Србија истакна дека претстојниот викенд ќе биде „затворен“, без забрана за движење, меѓутоа се, освен продавниците за прехранбени производи, аптеките и бензинските пумпи, нема да работи.

Брнабиќ оцени дека таквиот начин е обид за спречување на ширењето и циркулацијата на коронавирусот, но и дека нандобра и единствена мерка за тоа е вакцинацијата.

– Што побрзо се вакцинираме сите, побрзо ќе стекнеме колективен имунитет и ќе се вратиме во нормалниот живот, заклучи Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот