Брнабиќ: Нестабилната состојба во регионот не и одговара на Србија

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Како што изјави таа, сите проблеми мораат да се решаваат преку дипломатски канали, на претпазлив начин, како и дека Србија ќе ги заштити правата на Србите каде било во регионот, кои сега се загрозени.

Српската премеирка Ана Брнабиќ изјави дека нестабилната состојба во регионот не и одговара на Србија и дека она што сега се случува не би требало да се случува, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави таа, сите проблеми мораат да се решаваат преку дипломатски канали, на претпазлив начин, како и дека Србија ќе ги заштити правата на Србите каде било во регионот, кои сега се загрозени.

-За да продолжиме да се развиваме и растеме, потребен ни е стабилен регион, изјави Брнабиќ, истакнувајќи дека за разлика од сите земји во регионот, стабилноста најмногу и одговара на Србија, затоа што спроведените реформи имаат добри резултати.

Таа додаде дека ова е мал регион и нестабилноста влијае и на Србија бидејќи се помалку луѓе ќе сакаат да дојдат да инвестираат.

Брнабиќ, исто така, истакна дека Србија се стреми да биде одговорна во заштитата на српскиот народ, каде и да живее, затоа што тоа е нејзина „уставна обврска, должност и желба”.

Таа потсети дека претседателот Александар Вучиќ во сабота ги поканил Србите од Црна Гора и Република Српска на разговори.

-Тој ќе разговара со нив за тоа како на најдобар начин да им се помогне да ги поддржиме, но и за тоа како да се смири ситуацијата во регионот, рече Брнабиќ.

Според неа, оваа состојба можеби им одговара на некои земји во регионот кои не сториле ништо околу економските реформи и секоја политичка нестабилност е изговор за тоа што го немаат направено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот