Брнабиќ: Не се согласувам со ултиматумот на студентите и не го менувам Синиша Мали

Profimedia

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека нема да го разреши министерот за финансии Синиша Мали, бидејќи не се согласува со ултиматумите кои ги поставуваат 15 студенти.

Таа на тој начин одговори дали ќе го исполни барањето на студентите од протестите „Еден од пет милиони”, кои ја блокираа зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, со главно барање, ректорот Иванка Поповиќ да побара од премиерката да го разреши Мали, додека се одлучува за тоа дали неговиот докторат е плагијат.

– Ако живееме во земја во која 15 или 20 лица, некои се студенти, некои имаат 30 години, можат да окупираат која било институција со земање клуч од чуварот, тогаш за тоа е потребна некоја друга влада. Не сакам да живеам во земја каде некој може да блокира било што и да поставува ултиматуми, рече Брнабиќ.

Таа истакна дека Белградскиот универзитет има околу 100.000 студенти, а „имаме ситуација кога 15, можеби 18 лица, упаѓаат во Ректоратот, ставаат кеси врз камери, за да не се види што прават и го земаат клучот и покрај тоа што имаат редовна комуникација со Ректорот”.

– Тие не им дозволуваат на луѓето да одат на работа, да донесуваат одлуки што се во интерес на останатите 100.000 луѓе. Тоа за мене е анархија, не е владеење на правото – рече Брнабиќ, додавајќи дека блокадата е прашање на Белградскиот универзитет и дека Владата нема да се меша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот