Брнабиќ: Не сакам ниту да размислам за можноста на граѓанска војна во Црна Гора

Таа ги пофали Србите во Црна Гора за вчерашната реакција, кога повикаа на смирување на ситуацијата и рече дека тие нема да одговорат со агресија.

Изгледите дека Црна Гора е на работ на граѓанска војна се толку страшни што не сакам ниту да размислам на тој начин, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ, истакнувајќи дека регионалната стабилност е најважната работа за Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ одговарајќи на прашањето на ТВ Прва дали Црна Гора е на работ на граѓанска војна поради настаните по усвојувањето на Законот за верските слободи кажа: „Оваа перспектива е страшна, дури не сакам ниту да размислувам на тој начин. Она што е најважно за нас е регионалната стабилност, без која нема ниту стабилна Србија”.

Таа ги пофали Србите во Црна Гора за вчерашната реакција, кога повикаа на смирување на ситуацијата и рече дека тие нема да одговорат со агресија.

– Треба сè да се направи само за да се смири ситуацијата и тензиите. Дијалогот е единствениот начин за договор, кажа Брнабиќ.

Говорејќи за формирањето на нова влада на Косово, Брнабиќ изјави дека српската влада и дава целосна поддршка на Српска листа.

Во врска со синоќа прогласениот бојкот од страна на опозицијата, Брнабиќ оцени дека одлуката за бојкот на изборите е „многу неодговорна”, додавајќи дека е задоволна што Движењето „1 од 5 милиони” реши да излезе на изборите, како што тоа го направија и Либерално-демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ и уште неколку опозициски партии.

Коментирајќи ја одлуката за бојкот заради доведување во прашање на легитимноста на идниот српски Парламент, Брнабиќ кажа дека на Србија и претстои едно од најважните прашања, а тоа е дебатата за уставните амандмани од областа на правосудството.

– За промена на Уставот потребно е двотретинско мнозинство, кажа српската премиерка, истакнувајќи дека одговорните политичари би се бореле „и со рацете и со нозете” за да влезат во Парламентот за да влијаат директно на изгледот на правосудството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот