Брнабиќ: Изминатите денови се вратени 60.000 граѓани од странство, меѓу кои и заразени со коронавирус

Таа додаде дека на денешната седница на кризниот штаб е решено да се заострат мерките и санкциите.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на прес-конференција вечерва изјави дека од 14 март до 8 часот наутро, во Србија се вратиле околу 60.000 граѓани кои живееле и престојувале во странство, меѓу кои има и заразени со коронавирус.

– Во моментов, имаме конкретни информации дека во последните 48 часа во Србија се вратиле наши граѓани на кои во земјите каде што живеат им е потврдено дека се заразени со коронавирус. Дека тие практично со лекови ја намалуваат температурата, излегуваат од тие земји и доаѓаат овде. Нив директно ги ставаме или во апсолутна самоизолација со контрола или ги хоспитализираме, кажа Брнабиќ.

Како што истакна таа, ова е уште еден нов предизвик со кој се соочуваат одговорните.

– Патриотски би било да останеа во оние земји каде што се најдоа. Тие би биле третирани во оние земји каде што работат и плаќаат даноци, но таму се плаќа здравствената заштита, а кај нас оваа услуга е бесплатна, кажа Брнабиќ, додавајќи дека здравствениот систем на овој начин се оптоварува.

Таа изјави дека има примери на српски фудбалери кои, како што рече, имаат милиони договори во странски земји, и доаѓаат овде и не се во изолација.

-Ова е нешто со кое ќе се соочат нашите органи, додаде Брнабиќ.

Таа додаде дека на денешната седница на кризниот штаб е решено да се заострат мерките и санкциите.

– Со цел заштита на општата популација во Србија, за оние кои ја нарушуваат мерката за изолација од повратниците и се движат спротивно на препораките на надлежните институции, Владата на Србија и Министерството за правда имаат обезбедено три специјални објекти во Вршац, Пожаревац и Пирот, каде што ќе одат оние за кои ќе се открие дека ја нарушиле самоизолацијата, кажа Брнабиќ, додавајќи дека овие објекти ќе ги обезбедуваат затворските чувари и полицијата.

Покрај тоа, како што рече таа, ако некое лице зарази други лица и со тоа сериозно го наруши нивното здравје, може да биде осудено на казна затвор од 1 до 8 години.

– Ако и покрај забраната за движење зарази некого и му предизвика смрт, може да му биде изречена забрана од 2 до 12 години”, наведе Ана Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот