Брнабиќ: До крајот на април 40 отсто од населението во Србија ќе биде вакцинирано

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во изјава за локални медиуми, таа додаде дека 57.600 дози вакцини „Астра Зенека” од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини „Фајзер” и половина милион вакцини „Синофарм”.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 отсто од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660.000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Во изјава за локални медиуми, таа додаде дека 57.600 дози вакцини „Астра Зенека” од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106.470 дози вакцини „Фајзер” и половина милион вакцини „Синофарм”.

– Долго чекавме за системот Ковакс. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини, рече таа.

Според неа, 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија.

Брнабиќ рече дека Србија донирала 20.000 од првата доза на вакцината „Спутник В” во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку за втората доза.

Таа додаде дека вечерва ќе има состанок на Кризниот пштаб на која е можно да се донесе одлука за „малку релаксирани мерки” и дека претседателот на државата ќе се вакцинира во вторник со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот