Брнабиќ: Чекаме дозвола од „Фајзер“ за донација на вакцините за С. Македонија

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на „Фајзер“ на Северна Македонија, но се чека дозвола од производителот, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа објасни дека договорот меѓу Србија и „Фајзер“ предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

– Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија. Единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од „Фајзер“ дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер” за одобрување за донацијата што е можно поскоро и оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ повлекол лични врски со САД за да ја добијат таа согласност.

– Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, истакна премиерката Брнабиќ.

Испораката на вакцини во Северна Македонија како донација од Србија, која беше најавена за четврток, 11 февруари, е одложена за следните неколку дена, соопштија синоќа од Претседателството на Србија.

– Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Република Северна Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот