Брнабиќ: Без компромис нема решение за Косово и Метохија

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјавила дека компромисно решение е единственото можно решение за косовското прашање, со кое и едната и другата страна би добиле стабилност, среќна иднина, долгорочен мир и просперитет.

Брнабиќ за Блиц рекла дека решението на косовскиот проблем мора да подразбира она што претседателот Александар Вучиќ секогаш го нагласува, а тоа е двете страни да изгубат, но и да добијат нешто.

– Односно, да добиеме најмногу што можеме, а да изгубиме најмалку што мораме, рекла премиерката.

Таа потсетува дека Вучиќ, кога повеќето во Србија подржувале замрзнат конфликт за Косово и Метохија, имал политичка храброст да го подигне прашањето за договор помеѓу Србите и Албанците.

– Тоа беше тешка, непопуларна, но во исто време и една исправна и одговорна одлука. Со тоа се покажува грижа за генерациите кои доаѓаат, бидејќи постои една опасност која замрзнатиот конфликт ја носи со себе, а тоа е дека во некој момент ќе се одмрзне. За жал, многу време и можности пропуштивме да го решиме ова прашање. Денеска заради тоа се наоѓаме во многу потешка ситуација, од што беше пред 10 или 15 години, вели Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот