13 C
Скопје

Брижит Макрон го има главниот збор: Новата биографија на францускиот претседател го потврдува она што се шпекулираше подолго време

Останаа само три дена до објавувањето на новата биографија на Емануел Макрон, напишана од политичкиот дописник на „Le Figaro“, Артур Бердах, кој тврди дека Франција всушност не ја води претседателот, туку неговата сопруга Брижит Макрон…

Исто како што се шпекулираше откако Емануел Макрон се пресели во Елисејската палата, сега тоа е потврдено и во неговата нова биографија со наслов „Emmanuel Macron Vérités et Légendes“ за која е заслужен францускиот политички дописникот на дневниот весник „Le Figaro“.

Самиот Макрон имал поголемо интервју со авторот на книгата, во кое открил дека токму неговата сопруга Брижит била негова клучна советничка.

epa-efe
EPA-EFE/Valda Kalnina

Затоа не е изненадувачки што авторот го напишал токму тоа во книгата – дека Брижит Макрон игра клучна улога во сите одлуки донесени во Елисејската палата и поради оваа причина светската јавност со нетрпение ја очекува книгата која е најавена за 6 мај.

Јас го слушам она што таа го чувствува, што зборува…  Mе познава и верувам во нејзината проценка. Би било погрешно да се каже дека таа нема никаква улога и нема влијание врз мене“, во една прилика изјавил 43-годишниот Емануел Макрон за неговата 68-годишна сопруга.

Имено, во Елисејската палата долго време циркулирале информации дека Брижит Макрон има најголемо право на глас и дека го дава своето мислење за реконструкцијата во владата, но и за важните одлуки во домашната политика.

epa-efe
EPA-EFE/IAN LANGSDON

А во разговорот со Бердах, Емануел Макрон тоа отворено и го призна.

Ние делиме сè во животот, сè од утро до мрак“, рекол Макрон, додавајќи дека иако не се согласува со Брижит за сè, на крајот на денот ѝ верува слепо, сметајќи ја за единствената личност што може да му помогне и во кризни времиња. А, какво е нејзиното влијание врз него, тој најдобро опиша со зборови:

Нејзиното место во оваа куќа е многу поголемо од она што жената го има како верен придружник во животот“.

Profimedia
Profimedia

Во оваа книга јасно стои дека Брижит е таа што го „чита и одобрува“ секој пишан збор за скоро секој негов говор и седи близу до својот сопруг на сите јавни обраќања. Сепак, како што открива авторот, таа никогаш не интервенирала во прашања поврзани со, на пример, мировните разговори на Блискиот исток или распределбата на финансиите поврзани со коронавирусот, но секогаш го давала своето мислење за социјалните и социјалните прашања.

Profimedia
Profimedia

Емануел и Брижит Макрон се запознале во училиште во Амиен, на северот на Франција, кога тој бил ученик – тинејџер, а таа негова учителка. Во тоа време, Брижит била омажена и мајка на три деца, но откако Емануел станал полнолетен, таа го оставила својот сопруг и започнала врска со човекот кој подоцна стана француски претседател. Тие се венчаа во 2007 година, иако нивните семејства биле силно против нивната врска.

Поврзани вести

ФОТО | Вил Смит сака да ја врати титулата „најдобар фраер“: Актерот започна со вежбање во теретана!

Слободен печат

Доаѓа моќен астро период за пари и љубов: Овие три знаци ги очекува голема среќа за време на младата Месечина

Слободен печат

ФОТО | Холивудските сребрени лисици: Овие актери се позгодни и пошармантни благодарение на седата коса!

Слободен печат

Пред десет години Парис Хилтон предизвика гнев кај јавноста, а дури денес го објасни натписот на нејзината маица „Престанете да бидете сиромашни“

Слободен печат

Експертите го вперија прстот во него: Само еден човек е виновен за заминувањето на Меган и Хари од кралското семејство!

Слободен печат

Направете си нешто вкусно ова попладне – Вкусете го колачето „Маџарица“

Слободен печат

Остави Коментар