Брижит Макрон ги воодушеви модните критичари – Вака се облекува вистинска дама! (ФОТО)

Првата дама на Франција добро ги знае правилата за добриот стил…

Сината боја е прогласена за водечка боја оваа година. Сите нијанси на сина боја се во тренд, а на сината боја не можеше да и одолее ниту Брижит Макрон.

Таа дефинитивно знае како да ги искомбинира парчињата облека, па така нејзините стајлинзи секогаш се за чиста 10-ка. Избраничката на Емануел Макрон, претседателот на Франција, за оваа прилика избра и повеќе од интересен стајлинг.

профимедиа

Монохроматската црна комбинација ја освежи со впечатлив син капут кој одлично им стои на сите блондинки. Генерално сите нијанси на сина боја се одличен избор за дамите со платинеста коса, велат модните експерти.

Ова е доказ како само едно едноставно парче облека може да направи целиот аутфит да добие интересна нота и да изгледа моќно.

профимедиа

Таа стајлингот го надополни со мини торба која ниту малку не е практична, но како што велат дизајнерите многу е симпатична и тренди. Од аксесоарите таа одмори овој пат, а целиот акцент всушност беше ставен на синиот капут. Тој беше центарот на стајлингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот