Бритни Спирс за документарните филмови за нејзиниот живот: Ме посрамотија, а ми велеа дека ми помагаат

бритни спирс
Бритни Спирс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бритни Спирс неодамна на својот инстаграм-профил кажа што мисли за документарните филмови и тв специјалите што беа снимени за нејзиниот лик и дело, посочувајќи дека за ниту една славна личност немало толку медиумски материјал како за неа. Кратко потоа, објавата исчезна од официјалниот инстаграм-профил на пејачката.

„Имам чувство дека Америка направи одлична работа што ме понижи“, ја започна својата објава пејачката и ја продолжи со анегдота за патувањето од авионот до автомобилот. Имено, таа напиша дека ѝ бил организиран превоз во автомобил за голф, со намера фотографите полесно да ја фотографираат. „Ова е Америка“, заклучи таа.

„Ме посрамотија, а ми велеа дека ми помагаат“

Во продолжение таа го отвори прашањето дали е дури „легално да се снимаат толку многу документарни филмови за некого без благослов на таа личност“.

„Никогаш не сум видела толку документарни филмови за некого. Вил Смит, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез…“, напиша Бритни. „Навистина? Тоа е најтажното нешто што сум го видела во мојот живот. Луѓето не само што не беа казнети поради сето она што ми го направија, туку ме посрамотуваа тврдејќи дека ми помагаат“, објасни таа велејќи дека тоа никогаш не би се случило доколку бил во прашање Вил Смит или Хали Бери. „Америка… оваа нација ме третираше како насилник“, заклучи таа.

Да потсетиме, на крајот на минатата година, по 13 години, заврши старателството кое ѝ го контролираше животот на американската поп ѕвезда, како и нејзиниот имот вреден 60 милиони долари. Државата за нејзин старател го назначи нејзиниот татко, откако таа доживеа јавен психочки слом и беше подложена на проблеми со менталното здравје, чии детали не се објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот