Бритни Спирс повторно дел од скандал: Вработена ја тужи за физичко насилство

бритни спирс
Фото: EPA/PAUL BUCK

Обвинители ја разгледуваат истрагата на шерифот на округот Вентура за Бритни Спирс, откако таа беше обвинета за лесен прекршок од вработена.

Иако е вообичаено лесните прекршочни случаи да се испраќаат во канцеларијата на Јавниот обвинител за разгледување, извор близок до Спирс рекол за списанието „People“ дека самата истрага не би стигнала толку далеку ако не ја вклучувала ѕвездата.

Минатата недела, капетанот Ерик Бушов од округот Вентура, им потврди на луѓето дека 39-годишната Спирс е осомничена во истрагата за физичко насилство, откако куќната помошничка пријавила дека пејачката „ја удрила за време на расправија“ во нејзиниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Изворот близок до Спирс претходно за списаниео изјави дека извештајот е целосна измислица и додаде дека таа „никого не удрила“.

„Помошничката го држеше телефонот, а Бритни се обиде да ѝ го исфрли од раце“, вели упатениот.

„TMZ“ претходно објави дека инцидентот се случил откако вработената ги однела кучињата на Спирс кај ветеринарот и тие се расправале за благосостојбата на животните.

„Нејзините кучиња се чувствителна раса која често има здравствени проблеми. Таа доби јасни упатства за тоа како да се грижи за кучињата”, вели инсајдерот, додавајќи дека „помошничката повеќе не работи за неа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот