Бритни Спирс откри кој сака да биде правен сопственик на нејзиниот имот

бритни спирс
Фото: Profimedia

Бритни Спирс сакала овластен јавен сметководител од Лос Анџелес да го замени нејзиниот татко како старател на нејзиниот имот според новите поднесоци на суд, пренесува „TMZ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Познатиот адвокат на поп-ѕвездата, Мет Розенгафт, се изјаснил во понеделникот пред судијата што го надгледува случајот „Спирс“. Бритни барала од судијата да го одобри сметководителот Џејсон Рубин да ги надгледува нејзините финансии и да добие полномошно, што ќе му овозможи да управува и со нејзината здравствена нега.

Во посебно сослушување во понеделникот, Розенгафт побарал од судијата да го отстрани таткото на пејачката, Џејмс Спирс, за старател назначен од судот, надлежен за мултимилионскиот имот на неговата ќерка.

Во петицијата било вклучено сведоштво кое покажува дека лекарите на Бритни, мајката на пејачката, Лин Спирс и нејзината лична старателка, Џоди Монтгомери, го поддржуваат отстранувањето на Џејмс како ко-конзерватор.

Одбиено барањето на Бритни Спирс за слобода: Татко ѝ останува нејзин легален старател

На сослушувањето на 14 јули, адвокатите на Монтгомери рекле дека има „силна препорака од медицинскиот тим на Бритни дека г-дин Спирс, нејзиниот татко, треба да биде отстранет како старател“.

Во петицијата за судот се тврди дека Џејмс „успешно профитирал“ откако ја презел контролата врз финансиите на неговата ќерка во 2008 година, плаќајќи си 16 000 американски долари месечно од нејзиниот имот. Таткото, исто така, одвојувал 2 000 американски долари месечно за „канцелариски трошоци“, според судските документи, пренесува „Page Six“.

ФОТО | Милиони луѓе се шокирани од фотографиите на голата Бритни Спирс: Ова е премногу чудно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот