Бритни Спирс објави ново видео на кое позира топлес: Обожавателите загрижени

бритни спирс
Фото: Instagram

Бритни Спирс предизвика загриженост кај нејзините обожаватели откако повторно се појави топлес на социјалните мрежи.

Имено, овојпат, Бритни објави видео на кое позира топлес на својот инстаграм-профил. 39-годишната пејачка објави видео на кое со рацете ги држи голите гради. Таа носи само кратки панталони, а многумина забележаа дека и ноктите ѝ се неуредни. Во описот ставила само три емотикони на бакнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Дали сум јас единствениот што се грижи за ова“, „Нешто сериозно не е во ред тука“, „Што се случува?“, беа само дел од коментарите на загрижените обожаватели.

Некои изразија сомневање дека можеби некој друг ги објавува овие фотографии и видеа од Бритни.

Имам чувство дека некој друг го објавува ова“, напишала една следбеничка.

Ова е трета полугола објава што пејачката ја објави во последната недела, а судејќи според облеката и местото во позадина, се чини дека сите се направени во ист ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот