Бритни Спирс го продолжува трендот на „чудни“ објави на социјалните мрежи
Поп пејачката Бритни Спирс во последните неколку месеци постојано објавува фотографии, со желба, како што изјави таа, да им покаже на нејзините обожаватели како изгледа нејзиното секојдневие.
Нејзините фотографии повторно ги збунија обожавателите кои делумно мислат дека Бритни испраќа „мистериозни пораки“ и „знаци“ сакајќи да каже колку е несреќна под старателството на нејзиниот татко. Таа се фотографирала во неколку различни пози, облечена во карирана кошула, фармерки и наочари.
„Многу сум несигурна кога некој ме фотографија ако не сум подготвена за фотографирање. Вложувам толку многу напор во физичкиот изглед… Но понекогаш е важно да ги спуштите ѕидовите и да им покажете на другите кои сте вистински. Потребно е многу сила да се направи тоа“, напишала пејачката.
Таа се обидела да го поправи светлото во дневната соба, но била прениска за тоа и ѝ требале скалила. Оваа серија со објавување фотографии ја започна со краток натпис „Instagram VS Reality“.
Иако за пејачката кружат гласини дека не е во состојба да работи и дека нејзините објави на социјалните мрежи се малку „чудни“, фактот стои дека во текот на претходните 12 години, Бритни Спирс објави четири студиски албуми на кои следеа безброј настапи и концерти. Одржа неколку сезони на мега успешни концерти во Лас Вегас. Таа лансираше свои парфеми и модни додатоци. Беше член на жирито на светски познатото музичко шоу „The X Factor“.
Но, по нервниот слом што го доживеа во 2007 година, Бритни веќе не можела да прави толку работи истовремено. Нејзе ѝ било забрането да вози автомобил, да гласа, да се омажи, да има повеќе деца, да ги троши своите пари, а со нејзиниот живот целосно почнал да управува нејзиниот татко.
На социјалните мрежи се појави движењето „#FreeBritney“ како реакција на нејзините загрижени обожаватели, а на нив се придружија и многу јавни личности како Мајли Сајрус и Рајан МекГован.
Целта на ова движење било барање правда за Бритни Спирс, која со години заработува пари со кои не може да располага сама, но добивала неделен додаток од своите старатели, иако не може да носи сопствени одлуки или да се грижи за себе.