Бритни Спирс го откри значењето на омилената тетоважа: Направена е наопаку и не се гледа

Фото: Инстаграм

Пејачката Бритни Спирс објави фотографија на Инстаграм на која позира свртена со грб и на своите обожаватели им го објасни значењето на тетоважата што ја има на вратот.

„Тоа е на хебрејски јазик, тоа е јазик кој се пишува наназад“, напишала покрај фотографијата на која позира со грбот свртена кон камерата и со рацете ја крева косата.

„Пишува „Mem Hey Shin“, што значи исцелување“. Тоа е мојата омилена тетоважа, но иронично, никогаш не ја гледате“, додала поп-принцезата, објаснувајќи дека таа нејзина тетоважа ретко се гледа бидејќи е претежно покриена со нејзината долга коса.

Обожавателите биле воодушевени од фотографијата на пејачката, но сепак, ѝ нашле забелешка.

Иако фотографијата собра стотици илјадници лајкови, некои коментираа дека треба пред сончање треба телото да го намачка со крем со заштитен фактор, бидејќи на фотографијата, кожата на Бритни е црвена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот