Бритни бара 100 чизбургери, Том Круз 50 танги, а Менсон ќелава проститутка: Лудите барања на холивудските ѕвезди!

Instagram

Славните личности имаат своја листа на барања при настапи на концерти, снимања на филмови, гостувања во емисии… Но, некои од тие барања се навистина луди.

Кога сте богати и славни, тогаш можете да поставувате барања. И колку сте побогат и пославен, тие барања стануваат сè полуди. Организаторите, секако, од страв секогаш се согласуваат на сè што ќе посакаат sвездите.

Список со најлудите работи што sвездите ги побарале пред нивен настап или гостување:

1. Пејачката Лејди Гага за време на турнејата во 2010 година ѝ забранувала на публиката да става мраз во пијалаците половина час пред почетокот. Ова правило, се разбира, не се однесувало на неа.

Instagram

2. Покојниот Принц еднаш се појавил во серијата „Нова девојка“ и подоцна побарал да се отстранат сцените во кои тој се појавува со Клои Кардашијан и Крис Џенер пред да се емитува епизодата.

Profimedia

3. Кога го снимала фимот „Кањони“, Линдзи Лохан барала сите на снимањето да бидат голи. Причина? Таа имала разголена сцена и тоа бил единствениот начин за да ја изведе. За време на нејзината посета на Русија, Линдзи побарала да се сретне со Владимир Путин, но средбата не се остварила.

инстаграм

4. Бијонсе бара температурата во гардеробата да биде прилагодена на 25 Целзиусови степени.

Фото: Инстаграм

5. Кога настапувал на „Коачела“ во 2017 година, Мик Џегер побарал да му се направи патека за трчање среде пустина. Патеката морала да биде во затворен простор и да биде климатизирана.

Facebook

6. Универзитетот во Оксфорд го замоли Канје Вест да одржи говор, но тие не беа подготвени за неговите барања. Раперот барал вода од марката „Волвик“, но етикетите да се отстранат од шишињата. А, ако сакате да му бидете возач, мора да носите облека направена од 100 отсто памук.

инстаграм

7. Бритни Спирс за време на настапот во Лондон побарала 100 чизбургери. Заедно со нив, побарала и фотографија од принцезата Дијана за да ја гледа додека јаде.

Instagram

8. Стивен Тајлер обожава да спие со своите обожавателки. По настапот бара од својот тим да му најдат убава девојка, а кога ќе ја доведат зад сцената, таа прво мора да се истушира пред да му пријде.

9. Селена Гомез забранила нејзините продуценти да се викаат Џастин по раскинувањето со Џастин Бибер.

Фото: Инстаграм

10. Џастин Тимберлејк бара да се дезинфицираат сите рачки во хотелот во кој престојува. Исто така, не смее никој да влезе во лифтот ако тој е во него.

11. Додека Џеј Зи бил на турнеја, побарал да има седум приколки за гардероба. По една за секој ден во неделата.

12. Додека го снимал филмот „Гравитација“, Џорџ Клуни побарал џакузи, специјална куќа за плажа и кошаркарско игралиште покрај вилата.

13. Том Круз извесно време барал да му се носат 50 танги во приколката за снимање. Не е познато што сторил со нив.

14. Богатата наследничка Парис Хилтон мора да има жив јастог во својот бекстејџ.

Facebook

15. Сè што ќе употреби еднаш, Еди Марфи го фрла во ѓубре. Паста за заби, чешли, чаши … Сè смее да се употреби само еднаш.

16. Шер секогаш бара од организаторите дополнителна просторија во која ќе бидат сите нејзини перики.

17. Пејачката Мараја Кери сака гуми за џвакање, но не сака да ги фрла. Таа, наводно, имала еден член од тимот кој бил задолжен да ги фрла нејзините гуми за џвакање кога доволно ќе ги изџвака.

18. Џенифер Лопез ги мрази боите. Сè што е во собата мора да биде бело. Таа вели дека боите ѝ пречат во креативниот процес.

profimedia

19. Контроверзниот Мерилин Менсон еднаш побарал во бекстејџот да му донесат ќелава проститутка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот