Британското разузнавање тврди дека Белорусија не се подготвува за војна во Украина

Парада на Армијата на Белорусија во Минска, 2020 година / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

 Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на разузнавачките служби, во кој се обработуваат информации за ситуацијата во Белорусија, каде вчера беше објавено дека се одржуваат големи воени вежби.

„Белоруски копнени сили се забележани како се распоредуваат од гарнизоните на терен, заради вежби”, се вели во соопштението.

Притоа се проценува дека активностите не се подготовки за инвазија врз Украина, туку во рамки на вообичаената практика белоруската армија во мај да го заокружува зимскиот циклус маневри.

Во документот уште се проценува дека Русија „најверојатно ќе настојува да ја искористи засилената закана што за Украина претставуваат маневрите”, во смисол што засилените активности на белоруската армија ќе ги фиксира украинските сили во северниот дел на земјата спречувајќи нивен ангажман во борбите за Донбас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот