Британско-австралиски академик ослободена во замена за тројца Иранци

Иран ја ослободи британско-австралиската академик Кајли Мур-Гилбрет во замена за тројца Иранци кои биле во притвор во странство, јави интернет страница поврзана со иранската државна телевизија.

– Ирански бизнисмен и двајца ирански државјани кои беа притворени во странство под неосновани обвиненија се разменети за Кајли Мур-Гилберт, национална шпионка со двојно државјанство, која работеше за ционистичкиот режим, соопшти на Твитер Клубот на млади новинари (Young Journalist Club), а пренесоа светските агенции.

Тројцата Иранци кои се ослободени како дел од размената, биле приведени поради обид да избегнат санкции, информира иранската државна телевизија.

Мур-Гилберт, експерт за политика на Блискиот исток на Универзитетот во Мелбурн, беше приведена во септември 2018 година во Иран.

Таа беше осудена на 10 години затвор за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот