Британските власти даваат пари на сопственици на стари автомобили за да престанат да ги возат

Снег / Фото: EPA-EFE/BALAZS MOHAI HUNGARY OUT

 Британските власти ќе платат до 3.000 фунти (4.200 американски долари) на возачи за да се откажат од своите автомобили според новата иницијатива за подобрување на квалитетот на воздухот, објави „Тајмс”.

За првпат, возачите на автомобили што многу загадуваат ќе можат да добиваат пари од државата за да ги предадат своите автомобили во замена за „кредити” што ќе се користат за јавен превоз, велосипеди, електрични скутери, заеднички автомобили и такси. Шемата има за цел да ја намали зависноста од автомобилите во градовите и со тоа да го намали метежот и загадувањето на воздухот.

Таа иницијатива ќе почне во Ковентри, Централна Англија, напролет со фокус на возачите на најзагадувачки автомобили – со дизел мотори произведени пред 2016 година и бензински модели произведени пред 2006 година.

Програмата ќе трае две години, по што ќе се проценува нејзината ефикасност.

Според Министерството за транспорт, во 2019 година Британците патувале вкупно 574 милијарди километри со своите автомобили, што е зголемување за 11 проценти во споредба со пет години порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот