Британските медиуми се сомневаат дека коронавирусот пристигнал во Велика Британија

Фото: Профимедиа

„Дејли рекорд” наведува дека кинески патници пристигнале во Лондон минатата недела пред да заминат во Шкотска.

Британски медиуми денеска објавија дека коронавирусот најверојатно пристигнал во Велика Британија, откако двајца кинески државјани биле хоспитализирани во Шкотска со симптоми слични на грип.

Се претпоставува дека патниците пристигнале од кинескиот град Вухан, од каде се шири епидемијата на новиот вирус од кој досега починаа 17 луѓе, а потврдени се над 600 случаи на заразени.

Тестовите, кои им се направени во болницата, досега не го исклучуваат коронавирусот, пишува „Дејли мејл”, додавајќи дека пациентите се наоѓаат во изолација во Универзитетската болница Кралица Елизабета во Глазгов.

„Дејли рекорд” наведува дека кинеските патници пристигнале во Лондон минатата недела пред да заминат во Шкотска.

Претходно денеска случаи на заразени лица од новиот коронавирус потврдени се и во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот