Британските медиуми најавуваат: Меј по понеделник нема да биде премиер!

Фото: Принтскрин

Британската премиерка Тереза Меј веројатно ќе биде отстранета од функцијата премиер по изборите за Европскиот парламент, тврди член од нејзиниот кабинет.

Информацијата ја објавија „Гардијан“, „Дејли меил“ и други. „Би-би-си“ повикувајќи се на свои извори пишува дека Меј нема да остане на функцијата после понеделник.

Таа повторно застана пред пратениците, барајќи да го одобрат законот за брегзит, но повторно се судри со опозицијата и со членовите на сопствената партија.

Голем дел од пратениците од нејзината партија ја напуштила салата за време на нејзиниот говор.

Ова е четврти обид на Тереза Меј да ги добие гласовите за договорот за брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот