Британските болници преземаат нови мерки – подготовка за можна епидемија на коронавирусот

На британските болници им е наредено да преземат нови мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус, бидејќи експертите предупредуваат дека постои „реална можност“ да заболат до 50 отсто од Британците, објави Тајмс.

Здравствените власти планираат да користат 24 болници за лекување на пациенти во случај на зголемен број случаи на заразени со тој вирус. Тие исто така можат да ги прошират услугите на итниот телефонски број за да се справат со зголемен број повици.

Детали за планирањето на вонредни ситуации се појавија откако синоќа од СЗО повикаа владите да ги зголемат напорите и да ја засилат својата подготвеност. Владата во Лондон, според весникот, работи врз анализи дека до половина од населението – или 33 милиони луѓе – може да бидат погодени со вирусот Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот