Рејчел Милер од малото англиско село Коага го доживеала најголемиот шок во животот кога примила повик каде дознала дека ќе биде на насловната страница на британскиот „Вог“.
Оваа 24-годишна девојка, 3 години работи во болницата Хомертон во источниот дел на Лондон и токму на неа ѝ падна честа да биде на насловната страна од „модната библија“.

Всушност, магазинот одлучил да издаде 3 различни варијанти на изданието од јули и со нив да оддаде почит на луѓето кои се клучни во борбата против пандемијата од коронавирусот.
„Само ја работев својата работа во одделот, излегов од породилно и ме дочека фотографот на Вог кој направи неколку слики од тие што бевме на смена. Не знаев дека ќе бидам на насловната, дознав дури неколку недели подоцна“, открила Милер за ITV.

Освен ова издание чија насловна ја краси Рејчел, има уште две. Во едно од останатите фокусот е на Наргуис Хорсфорд, возачка на лондонското метро, а на другото Аниса Омар, работничка во супермаркет.
