Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти денеска дека во земјата е откриен првиот случај на таканаречениот британски вид на коронавирус кај маж од Косово кој има привремено престојувалиште во Словенија, а се вратил од Белгија.
За овој случај се известени белгиските власти.
Заразениот за влез во Словенија користел негативен тест иако имал и друг тест кој бил позитивен, па сега е ставен во изолација и се проверуваат неговите контакти, рекол Јанша на вонредната прес-конференција, пренесува Хина.
Заради шансата во Словенија да е во поголем број присутен таканаречениот британски вид на коронавирусот, словенечката влада следната недела повторно ќе ги разгледа одлуките за попуштање на мерките против епидемијата, најави Јанша.
Извор: Блиц.рс