Британскиот принц ме присили на секс кога имав 17 години, неговата пот течеше по мене! (ВИДЕО)

принтскрин

На Би-би-си синоќа беше прикажано интервјуто со Вирџинија Робертс, жената која тврди дека била присилена да има сексуален однос со принцот Ендру во времето кога тој бил близок пријател на милијардерот педофил Џефри Епстајн.

Принцот Ендру и Вирџинија Робертс, фотографија што Вирџинија ја прложила како доказ / Фото: Profimedia

Вирџинија, која тврди дека двајцата ја силувале кога имала само 17 години, изнела тешки обвиненија на сметка на синот на кралицата Елизабета, која поднесе оставка од сите кралски должности поради скандалот со Епстајн.

Кралицата, исто така, ја исфрли и неговата канцеларија од Бакингемската палата, а многумина сметаат дека принцот повеќе нема да се врати на кралските должности.

Робертс на Би-би-си ги прераскажа главните детали од нејзиниот однос со принцот.

„Ми рекоа дека морам да го усреќам исто како и Џефри. Не можев да кажам не, затоа што Епстајн го очекуваше тоа од мене. Принцот Ендру беше ужасен додека танцувавме и цело време се потеше. Неговата пот капеше врз мене“ – рекла Вирџинија, која тврди дека спиела со Ендру неколкупати, а во една прилика, како што наведува, имале и оргии.

Принцот Ендру и Џефри Епстајн

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот